01. Какви се’ видови торти нудите?
Mama Ljubinka нуди различни видови и вкусови на торти, како торти за родендени, венчавки, специјални настани и сезонски торти. Имаме и опции за посни и диететски ограничувања, како што се безглутенски и вегански торти. Исто така нудиме и широка палета на највкусни колачи за прослави, визити и секакви други свечености.
02. Може ли да ја прилагодам мојата торта по желба?
Секако. Нудиме опции за прилагодување на вкусови, филови и декорации. Само споделете со нас каква торта сакате, испратете фотографија и ќе уживате во слаткото задоволство во најкус можен рок. Исто така имаме и услуги на фото-торти, односно пренесување на вашите омилени фотографии на тортите на посебна хартија која може да се јаде. Ова е совршено решение за родендени, кога сакате да изненадите некоја драга личност, саканите и слично.
03. Колку време претходно треба да ја направам нарачката?
Препорачуваме да ја направите нарачката најмалку 48 часа однапред за стандардни торти. За посебни торти како оние за венчавки и други специјални торти, подобро е да нарачате најмалку една недела или повеќе однапред.
04. Дали нудите услуги за достава?
Секако, Mama Ljubinka нуди услуги за достава во одредена радиус (Охрид и Струга). Цената за достава се одредува според точната локација каде треба да се достави.
05. Како да ја подигнам мојата торта?
Тортите и слатките се подигнуваат од нашиот објект кој се наоѓа во центарот на Охрид, на улица „Македонски просветители“ бр. 38 (до Пожарна, Супер радио, фризер „Биба“ и Сервис за молби). Претходна најава на телефонот 078/733-776.
06. Каква е политиката за плаќање?
Прифаќаме различни видови плаќање, вклучувајќи готовина и кредитни картички. За одредени нарачки, можно е да се побара депозит.
07. Дали користите вештачки состојки?
Mama Ljubinka користи исклучиво високо квалитетни состојки од проверени добавувачи. Повеќето од нашите торти се направени со природни состојки, со строга контрола на квалитетот.
08. Алергии?
Ве молиме при нарачката на тортите и колачите да не информирате за какви било алергии, по што ние ќе ви предложиме опции кои се безбедни за вас.
09. Како треба да ја чувам мојата торта?
Mama Ljubinka гарантира за квалитетот на своите производи до излегувањето од објектот и предавањето на истите на корисникот. Тортите треба да се чуваат на ладно место - фрижидер. Ве молиме избегнувајте замрзнување освен ако не е претходно посочено како безбедно.
10. Колку луѓе можат да се послужат со една торта?
Според нашето долгогодишно искуство, ќе ви предложиме соодветна големина на тортите, која варира во зависност од потребите и дизајнот на тортата. Можеме да ви помогнеме да одредите правилна големина за вашите потреби при нарачката.
11. Дали нудите дегустации на торти?
Да, Mama Ljubinka нуди дегустации на торти за венчавки и поголеми настани. Ве молиме контактирајте не најмалку 3-4 дена претходно за да закажете состанок за дегустација.
12. Можете ли да направите тематски торти?
Секако. Ние сакаме да создадеме тематски торти, погодни за сите прилики. Само споделете ги вашите идеи за теми со нас, ние ќе ги реализираме.