Mama Ljubinka

За нас

Приказната за Mama Ljubinka започна во 2003 година, кога Љубинка Стефанова започна да ја споделува својата умешност со сите вљубеници во слатките производи.

Минуваа години на експериментирање, усовршување, барање на најдобри состојки и нивно комплетирање во торти и колачи кои се повеќе од слатки – тие се уметност што ве води на патување низ вкусовите и боите.

Нешто во што ќе уживате со сите сетила.

Кај нас секоја торта е посебна. Можеби не ги знаеме бројките колку точно сме направиле, но приказната зад секоја торта ја знаеме совршено. Секоја е раскажана со љубов, грижа и внимателно избрани состојки.

Со нас, секоја торта раскажува своја приказна… Да ги креираме заедно.

Mama Ljubinka, за секого по нешто. И не заборавајте дека само срцето се’ гледа најдобро!

Ваша Mama Ljubinka…

confectioner-uniform-decorates-cake